" Италијанската вечера " ги смири актуелните политичари и високи функционери во владата на Република Македонија.

Објавил: admin@magazin | 26 ноември, 2018 18:48

Опозицијата и актуелните функционери се “смирија” на Италијанската вечера

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Високи претставници од власта и опозицијата седнаа на иста маса да пробаат Италијанска вечера.Организаторите намерно или не, ги седнаа заедно да имаат заеднички разговор во текот на вечерата.

На настанот недела на Италијанската вечер кој се одржа вчера вечерта, седнаа на иста маса вицепремиерите Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска и Бујар Османи,заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерносвки, лидерот на ВМРО ДМПМНЕ Кристијан Мицкоски, пратеникот и бивши министер за надворешни работи Антонио Милошоски и други функционери.

Пријатни разговори на функционерите од власта и опозицијата во текот на вечерата.

Од информации од луѓе што присуствувале на таа вечера, изјавија дека  високите функционери на Република Македонија биле расположени и достапни за разговор меѓу себе, и немало никакви напнати тензии.

Дали е ова можеби некој чекор на помирување останува да видиме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.