Судир помеѓу европските лидери за миграцијата

Објавил: Узунов Бобан | 10 јануари, 2019 15:45

Орбан: Морам да го запрам Макрон

Фото/Текст извор: ©точка/магазин

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон е лидер на промигрантските сили во Европа и поради тоа чувствува должност да му се спротивстави.
„Нема сомнеж дека Емануел Макрон е важна фигура, тој е лидер на промигрантските сили. Тоа не е ништо лично, туку прашање на иднината на нашите земји“, изјави Орбан и додаде:

„Доколку во Европа се материјализира тоа што тој го сака во поглед на миграцијата, тоа би било лошо за Унгарија. Поради тоа, мора да се борам против него“, изјави Орбан на конференцијата за медиуми. 

Жолтан Ковач, државен секретар за меѓунадорни комуникации и односи во кабинетот на Орбан денеска објави твит во кој го цитира унгарскиот премиер: Нашата цел е противниците на миграцијата да се мнозинство во инситутициите на ЕУ.

Тој претходно порача дека би сакал да види анти-имиграциските партии да остварат мнозинство на изборите за Европскиот парламент закажани за мај оваа година. Според унгарскиот премиер, тоа би водело кон слични промени и во извршната власт на Европската унија.

„Првата цел на Унгарија е да обезбеди анти-имигрантско мнозинство во Европскиот парламент, а потоа и во Европската комисија. На крајот, како што на националните избори ќе се менува „политичкиот пејзаж“ на континентот, ќе следува и Европскиот совет каде што националните лидери ги носат најважните одлуки во Европската унија“, изјави Орбан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести