Ниту еден од пратениците не ја образложи својата оставката пред колегите пратеници.

Објавил: Владо Марин | 27 октомври, 2020 13:14

Оставки на пратениците Зекири, Лукаревска, Бајрами и Дурловски

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Собранието на денешната седница ги констатираше оставки на четворица пратеници – Игор Дурловски, Бајрам Реџепи од ДУИ и на Мухамед Зеќири и Сања Лукаревска од СДСМ. Ниту еден од пратениците не ја образложи својата оставката пред колегите пратеници.

Пратениците Сања Лукаревска и Мухамед Зекири го поминуваат последниот ден во Собранието!

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески објави фотографии со нив и им поскапа успех.

„Им благодарам за трудот што го вложија во работата на пратеничката група…
Ми беше задоволство да соработувам во тешки услови на функционирање.
Сигурен сум дека ќе дадат огромен придонес каде и да бидат зошто ги имаат сите квалитети, напиша тој на фејсбук. 

Констатирана е и оставката на Бајрам Кадрија од ДУИ кој се најавува за директор на АЕК.

Оставка поднесе и Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ кој поднесе оставка од морални причини образложувајќи на социјалните мрежи дека не може да ги оствари политичките цели преку парламентот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести