Сè почнало со немиот германски експресионистички филм наречен „Човекот кој се смее“.џокер

Објавил: admin@magazin | 26 октомври, 2019 13:17

ОТКРИЕНО: Дали знаете како настанал ЏОКЕР, омилениот филмски негативец?

Фото/Текст извор: ©факултети

Како што Супермен го има Лекс Лутор, Химен – Скелетор, Спајдермен – Зелениот гоблин, така Бетмен отсекогаш го имал Џокер. Зелена коса. Бледо бела кожа. Злобна насмевка. Манијакална смеа. Сето ова е обележје на Џокер. Но, што било инспирација за неговиот лик?

Сè почнало со немиот германски експресионистички филм наречен „Човекот кој се смее“.

Речиси 80 години од неговото деби, Џокер се промени и видовме еволуција во неговата кариера, но сè почнало со еден нем филм. Како што објаснува творецот на Бетмен, Боб Кејн, германскиот актер Конрад Вајд бил инспирација за Џокер од самиот почеток.

Сè почнало во 1940 година кога тројца уметници – Бил Фингер, Боб Кејн и Џери Робинсон – направиле свои скици од антихерои.

Сè уште постојат несогласувања околу тоа кој всушност го создал Џокер, но факт е дека неговото уметничко раѓање било плод од вкрстувањето на Џокерот од картите и лицето на актерот Конрад Вејт од филмот „Човекот кој се смее“.

Базиран на романот на Виктор Иго со истото име, филмот го прикажува младиот Гвинплејн (Конрад Вајд), чиј татко е осуден на смрт откако го навредил кралот Џејмс II Стјуарт. Но, семејната тортура не завршува тука. Кралот исто така наредил лицето на младиот Гвинплејн трајно да се преобликува и да се добие гротескна насмевка, пишува факултети.мк.

Гвинплејн на крајот станува актер кој патува и кој заработува пари покажувајќи ѝ го своето осакатено лице на љубопитната публика, сè додека не се заљубува во Деа, која е слепа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.