Добредојде ни посака и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 март, 2020 18:50

ОФИЦИЈАЛНО: Република Македонија – и формално 30 земја-членка на НАТО!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонија денеска стана најновата членка на НАТО по депонирањето на инструментот за ратификација на Северноатлантскиот договор во Стејт департментот на САД.

НАТО сојузниците го потпишаа протоколот за пристапување на Македонија во февруари минатата година, по што сите 29 национални парламенти гласаа за ратификување на членството на земјата, објави Алијансата на својата веб страница.

Добредојде ни посака и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Добредојде во НАТО Македонија! Патот беше долг, но напорите вродија со плод. Формалниот процес на пристапување е завршен, драго ни е што 30-тата земја членка на Алијансата е со нас“, објави на својот Твитер профил Столтенберг.

Исто така и лидерот на СДСМ, Зоран Заев честиташе на социјалните мрежи.

Република Македонија – и формално 30 земја-членка на НАТО!
Пред малку во Стејт Департментот, во Вашингтон депониран е ратификуваниот Протокол за членство во НАТО на Република Северна Македонија.
Следува подигнување на нашето знаме пред седиштето на Алијансата во Брисел.
Радувај се мој народе, ја обезбедивме стабилноста и сигурноста, ја осигуравме нашата и индината на нашите деца.
И не застануваме тука. Продолжуваме да работиме на остварувања на стратешките интереси, да се бориме против предзвиците.
Успеавме и ќе успееме. Успеавме да обезбедиме членство во НАТО и преговори со ЕУ, ќе успееме и да се избориме против заканата од коронавирусот.
Ќе победиме затоа што сме сложни, солидарни, со искрена верба во светла иднина.
Само здравје да има, ќе следуваат и нови успеси и нови светли моменти, напиша Зоран Заев на фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести