УНЕСКО со рок до општина Охрид

Објавил: Узунов Бобан | 5 јули, 2019 8:45

Охрид има рок до февруари да се справи со дивоградбите на Нефи Усеини !?

Фото/Текст извор: ©магазин

До февруари 2020 Охрид и Македонија имаат рок да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства, реши УНЕСКО на 43. сесија што се одржува во Баку, Азејберџан. Засега, охридскиот регион нема да се најде на листата на загрозени подрачја. 

Во предизборниот период за локалните избори особено беше актуелен Нефи Усеини претседател на огранокот во ДУИ во Охрид, каде во Охрид јавна тајна е дека негова е дивоградбата која се гради во строгиот центар на охридската чаршија наспроти чинарот која претставува строго заштитено подрачје. Исто така иако без одобрение за градба, веќе се изгради минарето на Алипашината џамија во Охрид. Во предизборниот период при посета на Охрид Заев тврдеше дека изградбата ќе биде стопирана, за веднаш после изборите да продолжи, информациите кои пристигнуваат се дека дивоградбата на минарето било овозможено со политички договор на Заев и ДУИ за возврат ДУИ да ги поддржи СДСМ во Охрид за локалните избори.

Делегацијата од Македонија, министерот Едмонд Адеми, заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, успеале да ги убедат експертите на УНЕСКО дека веќе била запрена изградбата на дивоградбите и дека до февруари ќе можат да ги спроведат препораките.

Медиумите деновиве ги потсетуваат властите на неколку дивоградби кои и покрај решенијата за уривање или немањето дозволи за градба, продолжуваат да се градат без никакви проблеми. Здружението „Фронт 21/42“предупреди дека од ноември 2017 до април 2019 година се легализирале 250 дивограби.

Инспекциските служби во Охрид кај 1.076 предмети констатирале нелегална градба, од кои 409 се во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во Стариот дел на градот. , изработен согласно со препораките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Од УНЕСКО испорачаа низа барања од државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.

Општина Охрид досега само го подготви регистарот на нелегални градби согласно препораките на УНЕСКО, ги тргна палмите и дел од билбордите од центарот на градот, на кејот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести