Николоски вели дека се надева дека акцијата со потписите ќе заврши до 1 април за да може да се спречи отпочнувањето на пописот, како и предложување на закон за попис кој ќе биде реален затоа што истиот ни е многу потребен!

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 февруари, 2021 6:31

Очекувам над планираното да се потпишат повеќе од 150,000 граѓани против законот за попис

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното издание на „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во врска со законот за попис истакна дека очекува над планираното да се потпишат повеќе од 150,000 граѓани кои ќе го стават потписот против овој закон, кое пак ќе биде вовед во рушење на оваа власт, како и предложување на нов закон за потребниот попис кој ќе биде реален и во интерес на граѓаните.

Ние бевме доведени до ситуација или да не му дадеме на македонскиот народ и оние коишто живеат во Македонија да се потпишат против овој закон за попис и на тој начин да изразат јасна волја или пак тоа да го направиме на овој начин, зошто, затоа што Талат Џафери реши да не ја прифати нашата иницијатива, а реши да не ја прифати затоа што со сила не натера да ја прифатиме Република „Северна“ Македонија како име на оваа држава, што ние не сакаме да го прифатиме, можевме да водиме или инает со Талат Џафери и да не дозволиме да се попишуваат луѓето или второто е да ја прифатиме Република „Северна“ Македонија како официјално име на оваа држава што нема да го направиме никогаш, објасни Николоски.

Тој вели дека заради тие причини се одлучило да има иницијатива за граѓаните да се потпишат во 27 македонски градови и села, а по тоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поднесат законот, затоа што силата дали ќе го поднесат законот 10,000 граѓани или пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од формален аспект е иста, но не е исто колку граѓани ќе застанат зад таа иницијатива.

Јас сум убеден дека до завршување на овој процес бројката ќе оди над првично планираните 100,000 потписи, тоа беше нашата таргет цел, но јас мислам дека ќе оди на многу повеќе, очекувам над 150,000 граѓани да се потпишат против законот за попис, што мислам дека ќе е вовед во рушење на Владата, затоа што не е сеедно ако пратениците од власта видат дека над 150,000 граѓани се потпишале за овој закон, ќе гласаат против овој закон и ќе ја сменат страната во Собранието – појасни Николоски.

Николоски вели дека се надева дека акцијата со потписите ќе заврши до 1 април за да може да се спречи отпочнувањето на пописот, како и предложување на закон за попис кој ќе биде реален затоа што истиот ни е многу потребен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести