На дневен ред на оваа седница е и верификацијата на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска!

Објавил: Владо Марин | 14 септември, 2020 8:23

Парламентарна седница за собраниските тела

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Собранието денеска треба да ја одржи седницата на чиј дневен ред ќе биде изборот на составот на работните тела на Парламентот!

На дневен ред на оваа седница е и верификацијата на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска!

Претседателот на Собранието Талат Џафери на петочниот брифинг за новинарите најави дека за денеска напладне ќе закаже седница на која на дневен ред ќе биде избор на составот на работните тела на Парламентот, а потоа верификација на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Џафери додаде дека на оваа седница нема можност за други точки на дневен ред, бидејќи материјалите треба да поминат на комисии, пренесува Р.С Европа!

Во Собранието досега се пристигнати законските предлози на Владата за основно и средно образование, како и петте одлуки за вонредната состојба од претседателот на државата Стево Пендаровски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести