Еден пациент со ретки болести може да заболи и од пулмонална хипертензија и тогаш повторно ќе зборуваме дека има секундарно заболување.

Објавил: Македонка Димкин | 8 декември, 2018 19:34

Пациент со пулмонална хипертензија починал бидејќи не ги добил неопходните лекови

Фото/Текст извор: ©лидер / тв сител

Пациент со пулмонална хипертензија пред три дена починал бидејќи не ги добил неопходните лекови за оваа дијагноза. Не го следувале на државна сметка поради тоа што болеста му била секундарна и не влегувала во програмата за ретки болести. По реагирање на здружението за ПХ до здравствените власти дека овој пристап е дискриминирачки, им било ветено дека терапијата ќе му биде достапна на болниот, но не дочекал да ја земе. – јавува Телевизија Сител.

» Еден пациент со ретки болести може да заболи и од пулмонална хипертензија и тогаш повторно ќе зборуваме дека има секундарно заболување. Едната дијагноза ќе ја третираме а другата не. Тоа е рамно и на овој случај што го имавме изгубивме лице бидејќи не доби терапија. Ако не се третира, најдобрата прогноза е дека ќе има продолжен живот од 2,8 години, вели за сител Ирена Коцев од здружението за пулмонална хипертензија.

Хипертензија или висок крвен притисок, а понекогаш и артериска хипертензија, е хронична медицинска состојба во која крвниот притисок во артериите е покачен. Поради ова покачување на притисокот срцето треба да работи понапорно за крвта да може да циркулира низ крвните садови. Крвниот притисок има две вредности, систолен и дијастолен притисок, кои зависат од тоа дали срцето е контрахирано (систола) или релаксирано (дијастола). Нормален крвен притисок во мирување е од 100-140 mmHg кај систоличниот (високиот) и 60-90 mmHg кај дијастоличниот (нискиот). Постои присуство на висок крвен притисок доколку притисокот е постојано 140/90 mmHg или повеќе.
Хипертензијата е класифицирана како примарна (есенцијална) хипертензија или секундарна хипертензија. Околу 90-95% од случаите се категоризирани како “примарна хипертензија”, што значи висок крвен притисок без очигледна медицинска причина [5] Други состојби кои влијаат на бубрезите, артериите, срцето или ендокриниот систем се причина за останатите 5-10% од случаите (секундарна хипертензија).
Хипертензијата е главен ризичен фактор за мозочен удар, миокардијален инфаркт (срцев удар), срцева слабост, аневризма на артериите (на пр., aневризма на аортата), периферна артериска болест и е причина за хронична бубрежна болест. Дури и умерено зголемување на артерискиот крвен притисок се поврзува со скратен животен век. Промени во исхраната и начинот на живот можат да ја подобрат контролата на крвниот притисок и да го намалат ризикот од поврзани здравствени компликации. Но, за луѓе кај кои промените во начинот на живот се неефикасни или недоволни, потребен е медикаментозен третман.
Во земјата има четворица пациенти со ретката болест Пулмонална хипертензија и уште десетина кај кои оваа дијагноза е секундарна. Овие лица имаат проблем со дишењето и слаба функција на срцевиот мускул. Ако навремено земаат лекови животот може да им биде продолжен за 20 до 30 години. Од здружението велат дека на приватно треба да издвојуваат и по 500 евра месечно, што не може секој да си го дозволи тоа.

» Ако велиме еден на 2000 е ретка болест, тогаш не треба дискриминација и сите овие со секундарна да добиваат лекови, навремено, не дискриминирачки, вели Коцев.
Дополнителен проблем за лицата со пулмонална хипертензија е и загадениот воздух. Овие месеци и не излегуваат од дома.

» Пречи и тоа многу, ако излезат мора тоа да биде со кислородна поддршка, која ја немаат а приватно чини од 2 до 4000 евра.
Од здружението наредната недела имаат средба со надлежните од министерството за здравство, каде ќе бараат не само решавање на проблемот со лицата кои имаат секундарна пулмонална хипертензија, туку и додавање на дополнителна терапија во програмата која на овие пациенти им е неопходна.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...