Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија со "шок" информација за пензионерите, кои ќе имаат нови, зголемени пензии од октомври за цели 200 денари

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 14:46

Пензионерите во “транс”, пензииите повисоки за 1.8 отсто

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Септемвриските пензии што пензионерите ќе ги добијат во октомври ќе бидат повисоки за 1.8 отсто согласно усогласување на пензиите за 2018 година.

Покачувањето за 1.8 отсто кое се прави согласно порастот на платите и трошоците на живот, соопшти Министерството за труд и социјална политика. 

Во износот на оваа исплата, ретроактивно ќе биде вклучено и новото усогласување на пензиите од 1.8 отсто за месеците јули и август. 

Тоа значи дека износот на средствата што пензионерите ќе гo добијат во октомври како септемвриска пензија ќе биде повисок во споредба со износите на исплатените пензии за месеците јули и август. Со октомвриската пензија, пензионерите редовно ќе си добиваат усогласен износ на пензија со вклучени 1.8 отсто, но без дополнителни разлики од претходниот период. – велат од МТСП.

Просечната пензија за месец септември во Република Македонија со вклучено усогласување од 1.8 отсто изнесува 14.500 денари, а во септември 2016 година изнесувала 13.106 денари. Ова е второ усогласување на пензиите годинава. Првото усогласување на пензиите беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1.69 отсто. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести