Превкусна пита со цимет за вашите пријатели и семејство!

Објавил: admin@magazin | 23 септември, 2019 21:44

ПИТА СО ЦИМЕТ!

Фото/Текст извор: ©мои рецепти.мк

Имаме уште еден нов и супер рецепт за пита со цимет.

Сакате да подготвите еден интересен десерт овој викенд? Оваа пита со цимет се прави лесно и брзо. Ќе се воодушевите од резултатот.

Оваа вкусна пита можете да ја филувате со вишни, јагоди или боровница измешана со шеќер.

Тесто:

600 гр брашно

300 мл млеко

1 коцка квасец

3 лажици шеќер

1 лажичка сол

1 јајце

10 лажици зејтин

1 ванилин шеќер

Фил:

100 гр путер

3 лажици кафеав шеќер

3 лажици цимет

1 ванилин шеќер

Подготовка:

Од сите состојки за тесто замесуваме средно меко тесто. Кога тестото ќе го дуплира својот волумен, од него расукуваме правоаголна кора(60 сантиметри на 20 сантиметри). Кората ја премачкуваме со путерот. Заедно ги мешаме циметот, кафеавиот шеќер и ванилиниот шеќер.

Со ова посипуваме насекаде по кората. Сега замотуваме ролат и сечеме мали ролатчиња со должина од 4 сантиметри и ги редиме во округол плех(бр.26),обложен со пек-хартија. Ролатчињата ги редиме исправени, не легнати.

Мегу ролатчињата оставаме простор од околу 2 сантиметри и ги распоредуваме ролатчињата насекаде по тавчето. Оставаме питата да одмори 10-15 минути и ја печеме на 180 степени околу 25-30 минути. Пред служење може да се нароси со шеќер во прав. Ако го сакате вкусот на цимет и ја обожавате миризбата кога пецивата со цимет се печат, тогаш овој рецепт ќе ги задоволи вашите сетила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.