По Србија, реакции и од Хрватска на најавата за нови 1.300 полицајци кои Европската Унија преку Фронтекс сака да ги распредели на Западен Балкан

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 9:44

Пленковиќ: Хрватска е способна сама да ги контролира границите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Хрватската полиција е способна сама да ги конттолира своите граници и не и треба дополнителна помош од Европската агенција за гранична контола “Фонтекс” изјави во Салцбург, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

 Нашата соработка со Фронтекс е одлична. Нивниот авион од Задар го контролира целиот простор на југоистикот на Европа.

Што се однесува до силите на Фронтекс што треба да одат на југоситокот на Европа, ние мислиме дека тие треба да се распоредат на оние надворешни граници каде има поглема пропустливост (на мигранти), изјави Пленковиќ, кој во Слацбург учествува на Самитот на ЕУ.

Европската комисија предложи план со кој се предвидува засилување на контолата на надворешните граници на ЕУ со распоредување на дополнителен број припадници на Фронтекс.

Меѓутоа, според Пленковиќ, на Хрватска не и е потребна дополнителна помош од Фронтекс, па предлага припадниците на Агенцијата „да ги зајакнат оние земји каде пропостливоста е поголема“.

Хрватска има надворешни граници на ЕУ кон Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.