Како што пишува курир.рс овој необичен поклон Вучиќ го добил од Министерот Синиша Мали, во текот на неодамнешната посета во Германија.

Објавил: admin@magazin | 10 април, 2019 21:30

Погледнете колку чини „FOLKSVAGEN”часовникот од српскиот претседател Вучиќ !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Претседателот на Република  Србија, Александар Вучиќ доби на поклон „Folksvagen„ часовник, во текот на неодамнешната посета во Германија.

Како што пишува курир.рс овој необичен поклон Вучиќ го добил од Министерот Синиша Мали, во текот на неодамнешната посета во Германија.

Тој часовникот го добил за среќа, а како што можеме да забележиме на онлине сајтовите ваков часовник чини помеѓу 200 до 600 евра.

Додека се чека конечната одлука за доаѓањето на Фолксваген во Србија, која е најважна економска инвестиција во последниве децении, претседателот Вучиќ, часовникот го носи како амајлија за среќа, во чест на автомобилскиот гигант кој наскоро ќе се досели во Србија.

Претседателот Александар Вучиќ часовникот од Фолксваген го носи како амајлија за среќа !

Иако премиерот Зоран Заев пред извесно време најави голема инвестиција на гигантот во автомобилската индустрија Фолксваген, таа инвестиција требаше во Македонија да донесе неколку илјади вработувања, но вестите од соседна Србија говорат нешто друго.

Според претходните најави од управниот одбор на “Фолксваген”, инвестицијата би била вреди околу 1,4 милијарди евра. Се планира фабриката да има 5.000 вработени, од кои дури 650 инженери.

Првите автомобили од српскиот Фолксваген може да се очекуваат во 2023 година. Новата фабрика на Фолксваген треба да биде лоцирана во реонот на Шумадија, да има капацитет од 300.000 возила годишно што треба да придонесе да го зголеми извозот на Србија за 4,5 милијарди евра. Објектот ќе биде распространет на површина од 400.000 квадратни метри.

Планот предвидува во новата фабрика треба да бидат произведувани пет модели на “фолксваген”, “шкода” и “сеат”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.