Во вечерните часови услови за повремени врнежи од снег ќе има и на повисоките места (над 1100 м.н.в).

Објавил: Владо Марин | 14 февруари, 2020 7:54

ПОДГОТВЕТЕ ГИ ЧАДОРИТЕ: Вечерва се очекуваат обилни врнежи од дожд во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов во нашата држава ќе имаме претежно облачно време, а од запад уште во текот на претпладнево ќе започнат врнежи од дожд.

Во текот на денов врнежите ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 20 л/м2), на планините врнежите ќе бидат од снег каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка.

Во вечерните часови услови за повремени врнежи од снег ќе има и на повисоките места (над 1100 м.н.в). Ќе дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет, во вечерните часови ветерот ќе го промени правецот во северен. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Потоа во текот на утрешниот ден локално сеуште ќе има малку повеќе облаци а ќе дува и умерен, на некои места засилен ветер од северен правец, во недела времето пак ќе биде претежно сончево.

Наутро температурите на воздухот на многу места ќе се спуштаат не многу под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, малку потопло се очекува да биде во крајните југоисточни предели.

Стабилно, суво и сончево време ќе имаме и на почетокот од следната недела, максималните дневни температури на воздухот на многу места ќе се искачуваат над 10 степени. Во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до околу 20 степени и истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

Сето ова ќе биде поради влијанието на значително потоплата воздушна маса од југ.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...