Сепак, пожарникарите наизменично дежураа ноќва, додека целосно не се изгасне огнот.

Објавил: Перо Милчин | 24 јануари, 2022 5:49

Пожарот во „Жито Битола“ е локализиран

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По четири часа, локализиран е пожарот што вчера попладне избувна во старата административна зграда на поранешната фабрика за леб „Жито Битола“.

Сепак, пожарникарите наизменично дежураат ноќва, додека целосно не се изгасне огнот.

Во гасење на пожарот кој беше пријавен вчера попладне во 17.20 часот, учествуваа 27 пожарникари со 9 возила.

Повредени нема, но причинета е голема материјална штета.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претходно соопшти дека двајца работници успеале да го напуштат објектот каде сега стопанисува фирмата „Ангро механизација – Жито Битола“ и во чиј состав има пекара, млин и силос.

Коњановски ја известил централната власт, а побара помош и од околните градови за гасење на огнот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести