Попладнево пожар избувна во близина на езерото Младост во Велес, кај село Отовица.

Објавил: Весна Петровска | 26 август, 2019 18:11

ПОЖАРОТ НОСИ СЕ ПРЕД СЕБЕ: Алармантна состојбата во Велес – се стравува од опожарување на објектите покрај езерото

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Голем пожар е забележан во околината на Велес во близина на Велешко езеро. Огромните столбови од црн чад се гледаат на далечина и од повеќе десетици километри.

Хеликоптери на АРМ го гасат пожарот кај Велес

Хеликоптери на АРМ го гаснат пожарот во Велес, се стравува дека пожарот може да ги зафати и објектите во близина на езерото.

Попладнево пожар избувна во близина на езерото Младост во Велес, кај село Отовица.

Противпожарните екипи се на терен, а од општина Велес советуваат жителите на населбата Отовица, да обезбедат противпожарни апарати и лопати за заштита од пожарот и да внимаваат на својата безбедност.

„Општина Велес апелира граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото, а возачите кои минуваат на автопатот внимателно да управуваат со моторните возила бидејќи поради чадот е намалена видливоста на коловозот и го попречува безбедното одвивање на сообраќајот.“ -апелираат од Општината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести