Премиерот Киријакос Мицотакис му оддаде почит на Кремастинос, изјавувајќи дека светот на науката и политиката го изгуби водечкиот член.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 мај, 2020 14:08

ПОЗНАТ ЛЕКАР ОД ГРЦИЈА ПОЧИНА ОД КОРОНА: Поранешниот министер за здравје ја изгуби битката со корона вирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменик-претседателот на парламентот и поранешен грчки министер за здравство Димитрис Кремастинос почина утрово на 79-годишна возраст од последиците од вирусот корона, соопштија официјалните лица.

Кремастинос, кој бил кардиолог и професор на универзитетот, бил примен во болница во Атина со здравствени компликации на 26 март, јавува АНА.

Тој беше почитуван лекар, кој стана многу познат како личен доктор на починатиот премиер Андреас Папандреу во текот на 90-тите години, додава АП.

Премиерот Киријакос Мицотакис му оддаде почит на Кремастинос, изјавувајќи дека светот на науката и политиката го изгуби водечкиот член.

Мицотакис на Твитер рече дека професорот „оставил посебен белег на достоинството, одговорноста и ефикасноста“.

Григорис Тасиос во разговор со дописничката на МИА од Атина објаснува дека сѐ уште е рано да се каже кога конкретно и официјално ќе започне туристичката сезона во Грција.

Според планот на грчката Влада за постепено олабавување на мерките и постепено префрлање во новото секојдневие, отворањето на хотелите и туристичките објекти е планирано за месец јуни.

Хотелите што работат во текот на целата година, предвидено е да се отворат во јуни, додека пак сезонските туристички објекти се во последната, седма фаза од планот, без засега да биде одреден конкретен датум.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му...

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...