По изјавата на социјалните мрежи на Ангелидис, се огласи и Николов од Македонско меѓународно движење за човекови права, кој повика сите да дадат поддршка за Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 10:15

Поранешниот хокејар од НХЛ: Јас сум канадски Македонец, нашето име е Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот хокејарски прволигаш на Канада, Мајк Ангелидис, кој има македонско потекло, се огласи на социјалните мрежи во врска со преспанскиот договор за промена на името на Македонија.

Ангелидис кој низа години настапуваше за НХЛ ( Националната хокејарска лига ) од Канада, на твитет напиша:

Јас сум канадски Македонец, кој е шокиран од тоа дека Западот ја присилува Македонија да си го смени своето име и нашиот идентитет за да задоволи друг народ.

Ги повикувам високопрофилните Македонци да го употребат нивното влијание за да побараат меѓународна поддршка за нашите човечки права.

Нашето име е Македонија. – твитна некогашниот хокеар на НХЛ Тампа Беј Лајтнинг.

По објавата на Ангелидис, кој од минатата година настапува за Хокејарската лига на Италија за клубот Болзано Фоксес, се огласи и активистот за правата на Македонците во светот, Бил Николов, кој е претседател на Македонско меѓународно движење за човекови права од Канада.

Ти благодарам Мајк Ангелидис, горд Македонец – Канаѓанец и бивш хокеар на Таммпа Беј Лајтнинг за истапувањето за Македонија! Македонци во НХЛ, ве има доста, дајте изјава во одбрана на нашите човечки права сега! Нашето име е Македонија! – порача Николов

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести