Меѓуагенцискиот пожарен центар на САД од Боизи, Ајдахо, соопшти дека во последните денови 90 пожарникари, вклучувајќи ги и помошните теренски екипи, отпатуваа во Австралија.

Објавил: Весна Петровска | 8 јануари, 2020 18:36

ПОТРЕСНО: Бебе кенгур со солзи во очите молеше за помош – Семејството на Стив Ирвин спаси над 90.000 животни

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Секојдневно сме сведоци на емотивните фотографии од Австралија, пожарите кои речиси 4 месеци беснеаат ширум земјата усмртија околу 480 милиони животни.

Еден храбар австралиски фармер им ги стопи срцата на милиони луѓе во светот покажувајќи видео на кое се гледа како спасува бебе кенгур од пеколниот оган.

Ова ќенгурче имаше голема среќа, погледнете во продолжение…

Меѓу луѓето кои помагаат е и семејството на Стив Ирван, славениот ловец на крокодили.

Неговата ќерка Бинди Ирвин на социјалните мрежи изјави дека семејството ги прави сите напори и сè што е во нивна моќ за да им помогнат на животните во опасност.

„Со толку силни пожари во Австралија моето срце се крши за луѓето и дивите животни кои ги има толку многу, а веќе изгубивме дел од нив. Сакам да ви кажам дека сме на безбедно, во наша близина нема пожари, ниту во делот каде ги чуваме животните“, напиша Бинди Ирвин.

„Нашата болница за животни е зафатена, моментално имаме 90.000 пациенти. Ќе спасуваме и понатаму колку што можеме“, додаде Бинди.

И Америка испраќа дополнителни пожарникари во Австралија.

САД планираат да испратат уште најмалку сто пожарникари во Австралија, каде веќе 159 Американци се приклучија во гаснење на шумските пожари во кои досега загинаа 25 луѓе, а изгореа 2.000 домови.

Меѓуагенцискиот пожарен центар на САД од Боизи, Ајдахо, соопшти дека во последните денови 90 пожарникари, вклучувајќи ги и помошните теренски екипи, отпатуваа во Австралија.

– Се очекува следните 100 американски пожарникари да заминат во Австралија следната недела, изјави потпаролката на центарот Кери Билбао, додавајќи дека тоа е најголем број американски пожарникари кои досега се испратени во странство.

Службените лица од Меѓуагенцискиот центар работат на брзо испраќање дополнителни пожарникари во Австралија за да можат да ги преземат улогите за противпожарна акција и да управуваат со операциите за противпожарни активности на авионите.

Билбао изјави дека оваа група пожарникари исто така вклучува обучена екипа која ќе се справи со отровните змии и инсекти, кои би можеле да се појават за време на гаснењето на пожарите во австралиските дивини.

Во Австралија сега е лето, но пожарите започнаа во септември поради сувата и рекордно топла година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.