Државата заработи 242 милијарди долари во април, што е за 55% помалку отколку во истиот период минатата година.

Објавил: Едмонд Бекири | 13 мај, 2020 13:07

Потрошени 738 милијарди долари во април: Како Трамп ќе го надомести овој буџетски дефицит никому не му е јасно!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Соединетите држави во април годинава најавија рекорден буџетски дефицит од 738 милијарди долари, предизвикан од огромни распределби на владата и драстично намалените приливи во државните каса за време на пандемијата на вирусот корона, објави Ројтерс.

Министерството за финансии на САД објави дека буџетскиот дефицит во април е вистински ран показател за огромните распределби на владата, утврдени со цел да се ублажат влијанието на пандемијата на коронавирус врз американската економија.

Американскиот Конгрес досега одобри пакети за економска помош на американската економија во износ од 3.000 милијарди долари, а некои од првите пакети со мерки требаше да бидат платени во април.

Државата заработи 242 милијарди долари во април, што е за 55% помалку отколку во истиот период минатата година.

Додека пак за само неколку недели како последица на пандемијата од ковид-19, во германското производство забележа пад од 20 до 25 отсто, соопшти државната развојна банка – „KfW“, проценувајќи дека врвот на падот веројатно поминал во април, доколку земјата не се соочи со втор бран.

Со ублажување на бројни мерки, економијата би требало барем делумно да се нормализира во почетокот на летото, се вели во соопштението на „KfW“ од каде додаваат дека следува многу брз раст во третиот квартал од годината, пренесува Ројтерс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...