Полицијата отвори истрага за оваа несреќа, а покрај убиениот Нуиши, жртва при грабежот е и 22-годишниот В.Х. од Косово

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 февруари, 2020 15:01

ПОЧИВАЈ ВО МИР: Ова е убиениот македонски борач Буњамин Нуиши, кој го загуби животот во казино

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот борач Буњамин Нуиши беше убиен при грабежот на казиното во Блаце. Од неговиот клуб Тефејуз, објавија фотографии во сеќавање на нивниот колега и другар.

Полицијата отвори истрага за оваа несреќа, а покрај убиениот Нуиши, жртва при грабежот е и 22-годишниот В.Х. од Косово.

Убиството се случило кога четири маскирани лица со автоматски пушки влегле во казиното за да го ограбат, по што освен Нуиши настрадало и уште едно лице присутно во објектот.

Македонскиот борач Буњамин Нуиши беше убиен при грабежот на казиното во Блаце, објавија од неговиот клуб Тефејуз.

Нуиши за последен пат настапи на Светскиот куп во борење во шалвари Дунја купот во градот Кахраманмараш во Турција, каде што триумфираше во првата борба против борец од Белорусија, по што загуби од светскиот шампион од Азербејџан.

Во 04.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х.(22) од Косово, кој починал на местото.

Додека, според пријавеното, Б.Н.(20) од с.Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал.

Напаѓачите од касата го одзеле дневниот промет и заминале. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...