Со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот од возилото „Рено Клио“, Ш.Л. (37) од Косово, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош.

Објавил: Перо Милчин | 15 јуни, 2019 11:53

Пет лица тешко повредени во тешката сообраќајна несреќа на Блаце!

Фото/Текст извор: ©Алмакос.ком онлине магазин

Вчера околу 13.30 часот на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Блаце се случи тешка сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал Ш.С.(37) од Косово, кој имал привремено живеалиште во Тетово и автомобил „Рено Клио“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Г.(36) од Косово.

Во тешката несреќа која се случи на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Блаце со тешки телесни повреди се здобил М.Р.(53) од Косово, сопатник во возилото „Рено Клио“, додека И.Р.(51) од Косово, со привремено живеалиште во Германија, сопатник во истото возило, се здобил со телесни повреди.

 Итна медицинска помош веднаш ги хоспитализирала во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош од страна на лекарски тим.
Сопатникот од возилото „Рено Клио“, Ш.Л. (37) од Косово, исто така се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош.
Со телесни повреди исто така се здобиле и возачите Ш.С. и Н.Г.. Ш.С. со другиот автомобил и биле исто така пренесени во болницата во Тетово, додека Н.Г. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“.

До несреќата дошло кога возачот на реното претекнувал колона возила и неможејќи да запре директно удрил во бмв-то што наидувало од спротивниот правец. Како што пренесува Коха, моментално на местото на несреќата имало бројни граѓани кои помагале додека не пристигната итната медицинска помош.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...