Основното јавно обвинителство информираа дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница.

Објавил: Перо Милчин | 21 јуни, 2019 23:46

Завчера добил решение за автопатска полиција а денес е веќе мртов! ПОЧИВАЈ ВО МИР!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Сефет Бајрами, беше еден од двајцата повредени полицајци во сообраќајката која се случи денеска кај обиколница. Вечерва Бајрами починал во болница.

Полицаецот Сефет Бајрами бил дел од патролата на сообраќајната полиција, која настрадала вршејќи ја должноста на патот. Како што известуваат медиумите тој завчера добил решение за работа во автопатска полиција.

Тешката несреќата се случи денеска, кога сообраќајна полициска патрола запрела возило БМВ со гостиварски регистарски таблички кое возело со преголема брзина.

Сефет Бајрами бил дел од патролата на сообраќајната полиција, која настрадала вршејќи ја должноста на патот.

Додека полициските службеници разговарале со возачот на автомобилот, на нив налетал камион со голема брзина. Од силниот удар, автомобилот БМВ се запалил и целосно изгорел. На лице место на повредите им подлегна возачот во автомобилот БМВ.

По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција на загинатото лице, додека од возачот на камионот ќе бидат земени примероци од крв и урина заради испитување на присуство на алкохол или други недозволени супстанци.

Основното јавно обвинителство информира дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam