Градот Штип и лекарската фела изгуби исклучително значајна личност во својата професија и ги задолжи своите колеги да продолжат по неговиот професионален пат. Неговиот лик и неговото дело засекогаш ќе бидат запаметени од неговите сограѓани и нека му е светол патот и царството небесно.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 декември, 2021 12:34

Почина 35-годишниот хирург Симон Василев од Штип

Фото/Текст извор: ©магазин

Вчера на 35 годишна возраст по кратко боледување почина доктор Симон Василев. Тој беше роден 1986 година во Штип.

Доктор Василев дипломираше на Медицинскиот факултет во Стара Загора, Бугарија, а работеше како општ хирург во Клиничка болница Штип.

Моментално тој ги посетуваше специјалистичките студии во Македонија, за стекнување титула доктор специјалист!

Градот Штип и лекарската фела изгуби исклучително значајна личност во својата професија и ги задолжи своите колеги да продолжат по неговиот професионален пат. Неговиот лик и неговото дело засекогаш ќе бидат запаметени од неговите сограѓани и нека му е светол патот и царството небесно. 

Василев беше оженет и татко на две малолетни деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam