Ова е 185. издание на фестивалот на пивото во Минхен

Објавил: Данаил Михајловски | 22 септември, 2018 17:09

Почна Октоберфест во Минхен

Фото/Текст извор: ©миа

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатиот фестивал на пивото Октоберфест, јави ДПА.

Традиционално, почетокот на настанот е во 12 часот по локално време, кога градоначалникот Дитер Рајтер ја отвора тапата од првото буре со пиво.

Фестивалот продолжува до 7 октомври, а годинава ќе мине во услови на зголемени безбедносни мерки. Нови штандови, екстра видео камери, повеќе полицајци со камери прикачени на нивното тело – се само некои од безбедносните мерки. Околу 600 полицајци ќе се грижат за безбедноста на фестивалот, кој минатата година беше посетен од 6,2 милиони луѓе.

Полицијата по првпат ќе ги тестира и таканаречените „агенти за супер-препознавање”. Тоа се полицајци кои внимателно гледаат на сомнителните лица и внимаваат на нив за време на фестивалот. Овие агенти, исто така, ќе ги проверуваат снимките од 47 камери.

Пет часа пред почетокот на фестивалот, денеска стотици обожаватели на пивото и на празнувањето почнаа да се собираат на местото на настанот, облечени во традиционални баварски кожени панталони или носии.

На Октоберфест пивото се сервира во еднолитарски чаши, а цената е 11.50 евра. Покрај пивото и вкусната храна, посетителите на фестивалот можат да уживаат во многу различни искуства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести