Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајан, упати видео порака до граѓаните на Европа по повод почетокот на испораката на првите вакцини против ковид-19!
Утре ќе започнеме со вакцинирање низ цела ЕУ“, рече фон дер Лајен.
Урсула фон дер Лајен нагласи дека ЕУ набавила доволно вакцини за 450 милиони нејзини граѓани и дека им се достапни на сите членки на ЕУ истовремено.
Според неа, Европските денови на вакцинација, се од 27 до 29 декември и ќе бидат емотивен момент на единство и европски успех.
Вакцинацијата ќе ни помогне постепено да се вратиме во нормалниот живот. Кога ќе се вакцинираат доволно луѓе, ќе можеме повторно да патуваме, да се среќаваме со пријателите и семејството и да имаме нормални празници”, вели фон дер Лајен.
Таа предупредува дека дотогаш сите мора да останат будни за да се заштитат себе си и другите од вирусот.
Да останеме сите заедно безбедни и да ја направиме 2021 година година на европско закрепнување и надеж“, рече фон дер Лајен.
Шпанските власти денес објавија дека пристигнала првата група вакцини против вирусот корона во таа земја. Камион кој превезувал вакцини произведени од „Фајзер“ пристигнал во магацинот на компанијата во централниот град Гвадалахара откако патувал од Белгија, пренесува АП.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.