Како што објавија од МВР, антикокаинската акција во Крушопек е дел од меѓународната акција против организираниот криминал.

Објавил: Владо Марин | 21 февруари, 2020 6:47

По вчерашната акција во с. Крушопек, истрага за две лица

Фото/Текст извор: ©Magazin

Како што објавија од МВР, антикокаинската акција во Крушопек е дел од меѓународната акција против организираниот криминал. Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, за трговијата со кокаин на кој беше скриен во банани.

Врз основа на прибраните докази и изјавите на лицата кои беа лишени од слобода, надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје вчера достави Предлог за определување на мерка притвор за сопственикот на фирмата увозник на овошјето, додека за второ осомниченото лице предложи мерки за обезбедување присуство.

Останатите две лица се ослободени, а осомничените вечерва ќе бидат изведени пред Судија.

Како материјален доказ се запленети камионот Ивеко со 1.098 пакети со банани, мобилни телефони и готовина. Чулев рече дека истрагата продолжува за да се пронајде остатокот од дрогата и да се открие мрежата на дилерите.

Чулев исто така рече дека од Колумбија и Еквадор над илјада нарачки за банани биле направени од оваа фирма. Денес, местото на настанот беше напуштен, без траги од синоќешната акција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести