Ликот на Дедо Мраз потекнува од холандскиот лик Синтерклас, кој е дел од хагиографските приказни, во кои се раскажува за Свети Никола, историска личност која дели подароци.

Објавил: admin@magazin | 25 ноември, 2019 21:55

ПРАЗНИЦИ СЕ БЛИЖАТ, РАДОСТИ СЕ НИЖАТ: ДАЛИ ПОСТОИ ДЕДО МРАЗ?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Дедо Мраз претставува личност во северноамериканската култура, од легендарен, митолошки и фолклорен карактер, кој настанал со комбинација на холандскиот Синтерклас (Sinterklaas), англискиот Татко Божик (Father Christmas) и други традиционални божикни личности кои носат подароци.

Тој носи подароци во домовите на добрите деца, за време на Бадниковата ноќ, на 24 декември.

Ликот на Дедо Мраз потекнува од холандскиот лик Синтерклас, кој е дел од хагиографските приказни, во кои се раскажува за Свети Никола, историска личност која дели подароци.

Дедо Мраз се опишува како дебел, насмеан човек, со бела брада и мустаќи, кој носи црвено палто и панталони со бели краеви, црн колан и чизми.

Оваа слика за Дедо Мраз станала популарна во 19 век, во Канада и Америка, како резултат на значајното влијание на карикатуристот Томас Наст. Ликот на Дедо Мраз бил претставуван на радио, телевизија, во песните, детските книги и во филмовите.

Дедо Мраз носи подароци во домовите на добрите деца, за време на Бадниковата ноќ, на 24 декември.

Развивањето на ликот на Дедо Мраз во Северна Америка во 19 и 20 век, влијаело врз модерната перцепција во Европа за Татко Божиќ, Синтерклас и Свети Никола.

Според традицијата која датира од 1820 година, Дедо Мраз живее на Северниот Пол, со голем број на магични џуџиња и осум или девет ирваси кои летаат. Од 20 век, Дедо Мраз почнува да прави список на деца од целиот свет, кој го дели на две групи.

Во едната се послушните деца, на кои им носи играчки и слатки, а во другата оние непослушните на кои им носи јаглен на Бадник. Сето ова тој го постигнува со помошта од неговите џуџиња, кои во својата работилница ги изработуваат играчките и со помош на неговите ирваси, кои ја влечат неговата санка.Северноамериканските традиции поврзани со Дедо Мраз, потекнуваат од голем број на божиќни обичаи од различни држави. Некои ритуали, како на пример посетувањето на Дедо Мраз во стоковните куќи, се случуваат денови пред Божиќ, додека пак други ритуали, како што е приготвувањето закуска за Дедо Мраз, се врши само на Бадниковата вечер.

Поставувањето на чорапи, во кои Дедо Мраз остава подароци е многу стар обичај, кој сеуште се практикува. Постојат и современи изуми, како на пример, интернет страницата (NORAD), на која во време на божиќниот период може да се следи летањето на Дедо Мраз со санка низ небото.

Дедо Мраз го глуми некој актер, а околу него исто така има други актери, или пак персонал од стоковната куќа, кои се облечени како помошниците на Дедо Мраз.

Функцијата на Дедо Мраз е да ја промовира стоковната куќа, давајќи им мали подароци на децата, или пак да обезбеди сезонско искуство на децата слушајќи ги нивните желби за подароци, додека тие седат на неговото колено. Понекогаш се прави фотографија со Дедо Мраз и детето. Фотографирањето на Дедо Мраз со децата е ритуал кој датира од 1918 година.
Просторот кој е наменет за оваа цел е празнично украсен, наречен е Работилницата на Дедо Мраз и најчесто има голем трон, на кој тој седи. Во Соединетите Држави еден од најзначајните настани е парадата за Ден на благодарноста во Њујорк, која ја организира стоковната куќа Macy’s, на која Дедо Мраз пристигнува на огромен брод. За Дедо Мразот од оваа стоковна куќа, често се вели дека е вистинскиот. Есеистот Дејвид Седарис работел како помошник на Дедо Мраз во стоковната куќа и за тоа време пишувал сатиричен дневник, кој подоцна бил објавен.

Во деновите пред Божиќ, Дедо Мраз се појавува во стоковните куќи, трговските центри и е дел од разни забави. Оваа практика прв почнал да ја употребува Џејмс Едгар, во 1890 година, во својата стоковна куќа во Броктон, Масачусетс. Дедо Мраз го глуми некој актер, а околу него исто така има други актери, или пак персонал од стоковната куќа, кои се облечени како помошниците на Дедо Мраз.

Многу често, ако некој забележи дека Дедо Мраз не е вистински, тој објаснува дека е обичен човек, преправен во Дедо Мраз, кој му помага во овој период од годината. Голем број деца разбираат дека Дедо Мраз е екстремно зафатен во периодот околу Божиќ. На семејни забави, таткото или некој друг машки член на фамилијата се преправа во Дедо Мраз.
Постојат училишта во кои се даваат инструкции за тоа како да се глуми Дедо Мраз. На пример, телевизискиот продуцент за деца, Џонатан Мит, студирал на меѓународната школа за Дедо Мраз и се стекнал со епитетот магистер во 2006 година. Улогата на Дедо Мраз прераснала во негова втора професија, се појавувал на паради, во трговски центри и на крајот се појавил преправен во Дедо Мраз и на насловната страница на американското месечно списание Бостон магазин. 

Во 1840 година, во Данска, подароците почнало да ги разнесува џуџето од нордискиот фолклор наречено Томте. Тој бил низок, брадест човек, облечен во сива облека и црвена капа. Томте претставувал нова верзија на древното народно суштество , која настанала под вилјание на традицијата за Дедо Мраз која се ширела низ Скандинавија. До крајот на 19-иот век оваа традиција се проширила и низ Норвешка и Шведска и го заменила најстариот симбол на празникот Јул, козата Јул.

Иако веќе не постои традицијата за козата на празникот Јул, сепак во цела Скандинавија честа декорација за Божиќ е коза направена од слама.

Ликот на Татко Божиќ постои од 17-иот век во Британија и на слики кои се зачувани од тој период тој е претставен како весел, добро нахранет брадест човек, кој носи долга, зелена наметка со крзнени краеви. Тој го симболизирал духот на доброто расположение за време на Божиќ.

Во романот на Чарлс Дикенс, „Божиќна песна“ (A Christmas Carol), тој бил опишан како голем, добродушен човек во зелено палто, кој го носи Скруџ (лик од романот) низ раздвижените улици на Лондон во божиќното утро и го пренесува божиќниот мирис на веселиот народ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.