За опозицијата целиот процес е нелегитимен затоа што се водел зад затворени врати и тој е против интересите на Македонија, тие нема да ги поддржат уставните измени.

Објавил: Перо Милчин | 18 декември, 2018 22:34

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го напуштија собранието!

Фото/Текст извор: ©архива обрание на рм / магазин.мк

Денес можеби по некоја очекувана логика , откога беше изгласан законот за амнестија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ повлекоа рачна , и кажаа стоп за промена на уставот на Република Македонија. Дали е ова нов момент или само реална последица од нетранспарентните процеси? Од друга страна пак веќе и птиците на гранките знаат дека Заев во свои раце ги држи одметнатите осум пратеници кои е повеќе од сигурно дека ќе гласаат ЗА.

Она што е интересно Власта ниту во еден момент не се одважи да дебатира по референдумот кој беше организиран токму за тоа да се дојде до одговорот дали граѓаните на Република Македонија се „ЗА„ или „ПРОТИВ „уставните измени.

#Бојкотирам уставни промени е народна побуна против легитимизација на историското предавство преку нелегално и фингирано 2/3 мнозинство за промена на уставот на Република Македонија, кое делува спротивно на вољата на народот изразена на референдумот на 30-ти Септември.

Врз основа на одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на заедничкиот заклучок на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ одлучивме да не учествуваме во понатамошните фази на процесот кој што е повеќе фарса, отколку право, а тоа е процесот за измени на Уставот”, изјави Антонио Милошоски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Собранието на Република Македонија.

“Бидејќи видовме дека власта и самиот референдум го направи фарса и не ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои што направија референдумот да биде неуспешен и да нема одлука. Сами видовте дека дебатата за таканаречените амандмани се сведува на потпишување на амандманите кои што веќе однапред биле договорени од страна на министерот Никола Димитров и неговиот колега во Атина, а исто така уште поголема беше фарсата наречена јавна дебата во која што владините министри дебатираат со провладините експерти за тоа колку се во право за се”, изјави Милошоски кој додава

Сметавме за едно вакво сензитивно решение како што е Уставот на Република Македонија, посебно кога истиот ваков како што е во согласност со волјата на народот изразена на Референдум ние како пратеници избрани од народот не чуствуваме потреба да даваме легитимитет на оваа фарса наречена измени на Уставот на Република Македонија. Оние како тесниот владин круг кои што превземале пред некого обврска без разлика на народната волја да го сменат Уставот нека продолжат тоа да го прават, но треба да бидат свесни дека ваквите постапки се незаконити, дека се спротивни на Уставот и дека немаат легитимитет од опозицијата во Република Македонија“.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на парламентот Милошоски бараше да се разгледа по која “цена” е преговарано за промена на името.

По македонската независност од Југославија во 1991, грчките власти тврдеа дека името на земјата имлицира територијални претензии кон истоимениот грчки регион и се спротивставија на употребата на терминот „Македонија“ од страна на новата држава. Македонија беше примена во Обединетите Нации во 1993 под привремената референца „поранешна Југословенска Република Македонија“ (ПЈРМ),додека во меѓувреме голем број на држави ја признаа Република Македонија под уставното име.

Повторените обиди за преговори за сложено име не успеаја 27 години. Меѓутоа, во 2018, се интензивирани контактите на високо ниво помеѓу владите на двете земји, а македонскиот вицепремиер Бујар Османи ја посети Атина на 9 јануари, и македонскиот премиер Зоран Заев се сретна со неговиот грчки колега Алексис Ципрас на маргините на Светскиот Економски Форум во Давос, Швајцарија на 24 јануари. На средбата во Давос, прва од ваков вид во последните седум години, двајцата лидери покажаа одлучност да стават крај на прашањето за името и да ги подобрат односите помеѓу двете земји. Заев подоцна презеде иницијативи кои ќе ја намалат грижата во Грција во врска со политиките на антиквизација.

На 12 јуни 2018, Ципрас објави дека постигнал договор со Заев „кој ги покрива сите предуслови поставени од грчката страна“. Предлогот ќе резултира со преименување на Република Македонија во Република Северна Македонија, со тоа што новото име е за севкупна употреба, надворешна и внатрешна. Заев објави дека договорот вклучува признавање на македонскиот јазик во Обединетите Нации и дека државјаните на земјата ќе бидат нарекувани како и претходно, Македонци. Сепак, исто така ќе има експлицитно појаснување дека граѓаните на земјата не се поврзани со античките Македонци. „Со договорот еднаш засекогаш се потврдува и зајакнува македонскиот етнички и културен идентитет, македонскиот јазик, македонската националност. Со него се гарантира и безбедноста на земјата и се овозможува сигурна иднина на граѓаните на РМ“, рече Заев. Договорот бил потпишан на Преспанското Езеро.

ЗА

Македонскиот премиер Зоран Заев и владината коалиција започнаа онлајн кампања со која го поддржаа гласот За на референдумот. Многу високи функционери и ЕУ-лидери дадоа поддршка за опцијата „За“ бидејќи ќе ја доближи Македонија до ЕУ и НАТО. Меѓу оние кои ја посетија земјата за поддршка на референдумот беа Ангела Меркел и Себастијан Курц,канцелари на Германија и Австрија, како и Џим Матис, американскиот секретар за одбрана, и Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО,Албанскиот претседател Илир Мета, премиерот Еди Рама и министерот за надворешни работи Дитмир Бушати ги повикаа Албанците во Македонија да го поддржат договорот и да гласаат за на референдумот. Во Македонија, албанските политички партии и нивните лидери Али Ахмети (ДУИ), Мендух Тачи (ДПА), Билал Касами (Движење Беса) и Зијадин Села (Алијанса за Албанците) исто така го поддржаа гласот За.

ПРОТИВ/БОЈКОТ

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе го бојкотира референдумот и смета дека договорот со Грција е акт на предавство. Сепак, на почетокот на септември, само неколку недели пред референдумот, Христијан Мицкоски, претседателот на партијата излезе со изјава со која ги охрабри граѓаните да гласаат според сопственото убедување, и дека партијата ќе ги почитува различните мислења.Партијата не учествуваше во референдумската кампања, додека некои високи партиски членови ја изразија својата поддршка за бојкотирање на референдумот. На 23 септември, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој беше избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, го осуди договорот и ги повика своите сонародници да го бојкотираат гласањето. Единствен пратеник кој јавно излезе и го поддржа движењето БОЈКОТИРАМ беше токму Антонио Милошоски кој касно вечерва ни потврди: Нема да учествуваме во седниците на комисија или Собрание на кои ќе се расправа, гласа за Уставните измени

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести