Некогашниот шеф на тимот на Ферари вчера бил во болничката соба на Михаел Шумахер и со него поминал 45 минути. Шумахер се лекуваше со матични клетки.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 септември, 2019 21:19

ПРЕКРАСНА ВЕСТ: Микаел Шумахер се разбуди од кома!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што пишуваат британските медиуми, повеќекратниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер е во свесна состојба откако го примија во болницата во Париз.

Некогашниот шеф на тимот на Ферари вчера бил во болничката соба на Михаел Шумахер и со него поминал 45 минути. Шумахер се лекуваше со матични клетки. 

Шумахер наводно бил лекуван од страна на францускиот кардиохирург Филипе Менаше, инаку пионер во лекувањето со матични клетки, а во болницата „Жорж Помпиду“ легендарниот возач стигнал во придружба на голем број телохранители.

Надвор од стазите, Шумахер е амбасадор на УНЕСКО и говорник за безбедноста на возачите. Тој е инволвиран во бројни хуманитарни акции низ целиот негов живот и има донирано десеттици милиони долари во хуманитарни цели. Михаил и неговиот помлад брат Ралф Шумахер се единствените браќа кои победиле на трки во Формула Еден, и тие биле првите браќа кои завршиле на прво и второ место во иста трка, во Монтреал 2001 година, и уште еднаш на истото место (но во обратен редослед) во 2003 година.

Михаел Шумахер е пензиониран германски Формула Еден кој настапувал за тимовите на Џордан Град При, Бенетон и Ферари, каде што го поминал најголемиот дел од својата кариера, како и во Мерцедес Бенз на крајот на својата кариера.

Познат по единаесет годишниот успех со Ферари, Шумахер е единаесет кратен Светски Шампион и е нашироко почитуван како еден од најдобрите Ф1 возачи на сите времиња.

Тој држи многу од возачките рекорди на формула, како што се рекорди за најмногу шампионати, тркачки победи, најбрзи кругови, пол позиции, поени освоени и најмногу победи во една сезона – 13 во 2004.

Во 2002 тој станал единствениот возач во историјата на Формула еден кој завршил во првите три места во секоја трка од сезоната и потоа го срушил рекордот за најмногу последователни завршувања на подиумот.

Според официјалниот веб сајт на Формула Еден тој е “статистички најдобриот возач кој спортот некогаш го видел“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.