Од кабинетот на Иванов со соопштение дека поради работното Генерално Собрание на ОН, претседателот нема да може да го даде својот глас на претстојниот референдум

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 8:58

Претседателот Иванов нема да гласа на референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефот на државата Ѓорге Иванов нема да може да го даде својот глас „за“ или „против“ на референдумот за името, заради тоа што ќе ја претставува Македонија на Генералното собрание на Обединетите нации, соопштуваат од претседателскиот кабинет

-Неговото отсуство од земјава е резултат на договорениот „систем на ротација“, според кој една година во Њујорк оди премиерот, а друга година шефот на државата, велат од Кабинетот.

Претседателот Ѓорге Иванов нема да биде присутен во земјава за време на одржувањето на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија. Од Кабинетот на претседателот истакнаа дека Иванов ќе биде спречен да го даде својот глас „за“ или „против“ на референдумот, поради тоа што, ќе ја претставува Македонија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести