Во текот на ноќта врнежите ќе започнат да се шират и во останатите предели од државава и утре ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 декември, 2020 12:10

ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ И УТРЕ ПОГОЛЕМ БРАН НА ВРНЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА – ЛОКАЛНО НАД 30 Л/М2 ВОДЕН ТАЛОГ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот, во текот на денешниот ден ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од југоисточен правец, додека на југоисток ќе има повремен локален дожд.

Во текот на ноќта врнежите ќе започнат да се шират и во останатите предели од државава и утре ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Поради падот на температурите на воздухот, утре на планините врнежите ќе бидат претежно од снег, каде се очекува формирање на снежна покривка.

Максималната дневна температура на воздухот денес ќе се искачува во интервалот од 9 до 15 степени, додека утре ќе биде пониска и ќе се искачува во интервалот од 5 до 12 степени.

Потоа во вторник ќе има краткотраен престанок на врнежите, нов бран на врнежи се очекува веќе во среда.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...