Кабинетот на руската морнарица одби да ги коментира информациите дадени од неименуван извор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 мај, 2020 9:31

ПРИСТИГНУВА НАДОГРАДЕНА НУКЛЕАРНА ПОДМОРНИЦА: Ѕирнете во внатрешноста на рускиот ѕвер од морнарица!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs / Tanjug, Foto: Youtube prtsccr / Telekanal Zvezda

Проектот 955А, првата надградена стратешка нуклеарна подморница Кнез Владимир, може да биде доставена до руската морнарица кон крајот на мај, изјави неименуван извор во одбранбената индустрија.

Подморница е пловно средство кое може да плута по површина на водата и да плови под водата. Подморниците почнале да се употребуваат за воени цели за време на Втората светска војна. Во денешно време подморниците се повеќе се користат и во мирнодопски услуви, пример за истражувања на морињата.

„Бродоградителите Севмаш го подготвија бродот за испорака.

Одлучен е датумот на трансферот. Тоа би можело да се случи на крајот на мај “, изјави неименуван извор за ТАСС.

Кабинетот на руската морнарица одби да ги коментира информациите дадени од неименуван извор.

За оваа информација ТАСС нема коментар од бродоградилиштето Севмаш.

Првата подморница за која има информации дека е конструирана била изградена во 1620 година од Корнелиус Јакобсон Дребел, кој работел за Џејмс I од Англија. Подморницита била изградена по стандардите направени од англискиот математичар Вилијам Борн. Има повеќе теории за тоа како таа се движела, но сè уште не се знае точно. Познато е дека две напредни верзии биле тестирани во реката Темза помеѓу 1620 и 1624 година.

Првата воена подморница била наречена „Желка“ (анг. Turtle) во 1775 година, таа се движела со помош на пропелер кој бил придвижуван од човек. Оваа подморница била дизајнирана од американецот Дејвид Бушнел и била направена за еден човек. За време на Американската борба за независност подморницита „Желка“ била пратена да го потоне Британскиот воен брод „HMS Eagle“. Во 1800 година, Франција изградила подморница дизајнирана од американецот Роберт Фултон, наречена Наутилус (анг. Nautilus). Французите се откажале од експериментот во 1804 година. Submarino Hipopótamo била првата подморница направена во Јужна Америка, а била тестирана во Еквадор, на 18 септември 1837 година. Таа била дизајнирана од Хозе Родригез Лавандера.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.