Истражувачот Тим Тејлор ја пронајде подморницата за која се трагаше повеќе од 75 години, во која исчезнаа и 80 морнари кои тргнаа во мисија.
Тим Тејлор водичот на проектот кој беше посветен за пронаоѓањето на 52 исчезнати американски подморници во Втората светска војна, рече дека неговиот тим го пронајде “USS Grejbek” кај пристаништето Окинава.
Подморницата која потопи повеќе од десет јапонски бродови и спаси група оборена американски пилоти, го напушти Перл Харбор 28 јануари 1944 година, поради мисија. Но никогаш повторно не се вратила.
Јапонските податоци покажаа дека подморницата ја погодила бомба тешка 227 килограми. Исто така се наведени и координати, но сепак претходната година јапонскиот истражувач Јутак Ивасаки, кој соработува со Тејлоровиот тим, откри дека една бројка е погрешно преведена.
Набрзо е откриено дека “Grejbek” е погоден 160 километри подалеку од локацијата на која се водел. Неговиот тим го истражувал теренот со помош на аутономни подводни дронови.
Кога им се расипал главниот подводен уред, претпоследниот ден експедицијата се подготвила да оди под вода, но сепак деталните податоци ги одведоа до подморницата.
Беше неверојатно, сите беа возбудени. Но потоа разбирате дека тука се починати 80 лица и тоа е тешко искуство, рече Тејлор.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.