Се чини полека но сигурно дека купувањето на земјиште не е повеќе атрактивно за Албанците?

Објавил: Македонка Димкин | 22 јануари, 2019 18:35

Провокација: Пратеник Албанец одби да зборува Македонски!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Законот за јазиците е многу јасен, пратеникот Албанец, Србин, или Турчин смее да зборува на својот мајчин јазик во Собранието на седници итн. Сепак во пракса е тоа поинаку, во Македонија службен јазик е Македонскиот и новинарите не се должни да учат јазик на малцинство за да си ја вршат работата. 

 

Пратеникот Ејуп Аљими од ДУИ на денешната прес-конференција на која зборуваше за Законот за пазарите, се обрати само на албански јазик, иако првично требаше да зборува на двата јазици.

Откако новинарите во прес-центарот во Собранието реагираа и бараа тој да се обрати и на македонски јазик, претседателот на ЛДП и пратеник, Горан Милевски обидувајќи се да го одбрани најави дека Ејупи ќе зборува и на македонски, но ништо од ветувањата. Аљими ја напушти салата.

Аљими покажа дека всушност сите оние тврдења дека законот на јазиците ќе ја релаксира и онака затегнатата ситуација помеѓу малцинствата паднаа во вода. Тој едноставно замина без ни малку почит кон Македонската јавност и присутните новинари.

Сепак дали е ова наговестување на уште поголеми провокации или е само изолиран случај на лош ден на пратеникот, времето ќе покаже!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...