„Листа на кандидатите на политичките субјекти“, вели Вучиќ на албански во видеото.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 октомври, 2019 20:42

ВУЧИЌ ПРОЗБОРЕ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК: Сефери дали го изговорив добро?(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утре во Косово се одржуваат предвремени избори во кој 1,9 милиони граѓани имаат право на глас. 

Денеска на прес-конференција српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика Србите од Косово да излезат на гласање.

На прес-конференцијата во Белград, Вучиќ прочита текст на албански јазик од Централната изборна комисија на Косово.

„Листа на кандидатите на политичките субјекти“, вели Вучиќ на албански во видеото.

Потоа Вучиќ му се обрати на новинарот од Косово, Идро Сефери и го прашува дали добро прочитал.

– Сефери дали го изговорив добро? – прашува Вучиќ.

Иселениците ќе гласаат по пошта на седмите по ред парламентарни избори во Косово по прогласувањето независност.

За прв пат народот на Косово ќе почувствува и разбере дека водството од жена е токму тоа што им беше потребно изминативе 20 години, затоа што тоа ќе биде прв пат нивните проблеми да бидат навистина решени и тоа решени во нивен најдобар интерес, вели лидерката на Косовската демократска лига Вјоса Османи.

Треба да се фокусираме на претприемачите, создавањето работни места, односите меѓу јавниот и приватниот сектор, сите, јас би рекол, ресурси и потенцијали да се активираат, вели доскорешниот премиер Рамуш Харадинај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.