Познатата актерка Силвија Стојановска која е мајка на актерките Јана и Ана Стојановски беше уапсена на 19 декември во врска со заплена на огромна количина кокаин во Шпанија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 февруари, 2020 10:51

Продолжен притворот за Силвија која беше приведена поради шверц со дрога

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата македонска актерка Силвија Стојановска останува во домашен притвор до 16 февруари. Судот донесе ваква одлука, а по завршување на мерката притвор повторно ќе се одлучува.

Силвија Стојановска резервирала апартман во Шпанија и го платила со своја картичка, но и зела 10.000 евра од непознато лице.
Во акцијата бил вмешан и неговиот брат, кој е резидентен жител на Белгија, бидејќи Будисављевиќ има забрана за патување во земјите на ЕУ.
За транспортот на дрогата биле исплатени 850.000 евра.
Акцијата ја работеле полициски штабови во Скопје и Мадрид.

Познатата актерка Силвија Стојановска која е мајка на актерките Јана и Ана Стојановски беше уапсена на 19 декември во врска со заплена на огромна количина кокаин во Шпанија.

Освен Стојановска тогаш беше приведен и нејзиниот партнер,а таа се сомничи дека била помагач во шверцот на 700 килограми дрога од Колумбија.

Силвија Стојановска е родена во 1960 во Скопје. Таа е македонска театарска, филмска и телевизиска глумица и ќерка на познатиот актер Ацо Јовановски и сопруга на покојниот актер Ненад Стојановски.

Во 1982 година дипломирала на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, а веќе следната година се вработила во Драмски театар Скопје.

Позната е по своите улоги во: Комедијанти, Заминувањето од Пасквелија, Пред дождот, Трето доба и Како убив светец. До сега добила бројни награди. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести