Граѓаните треба да покажат дека тие одлучуваат за својата и иднинатата на државатат

Објавил: admin@magazin | 14 јуни, 2018 22:02

Продолжуваат протестите против промена на името

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред Собранието на Република Македонија и вечерва се одржува протест на здруженија на граѓани против договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името.

Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред зградата на парламентот, пред која е поставен полициски кордон. Побараа да запрат активностите за промена на името и оценија дека договорот е штетен за државата.

Како што изјавија дел од учесниците на протестот, граѓаните треба да покажат дека тие одлучуваат за својата и иднинатата на државатат.

Дел од присутните пееја патриотски песни и го извикуваа името на претседателот на државата Ѓорге Иванов.

За време на синоќешниот протест беа приведеи десет лица поради нарушување на јавниот ред и мир.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести