Пред Стефанова за случајот сведочеше и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јануари, 2020 9:46

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочи обвинителката Стефанова

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска продолжува судскиот процес за случајот „Рекет“ .Во Кривичниот суд во својство на сведок за случајот Рекет, денеска ќе се појави поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“.

Пред Стефанова за случајот сведочеше и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска.

Името на обвинителката Стефанова неколку пати се слуша во второто видео објавено од Ла Верита. Во разговорот Боки 13 и Камчев, и Камчев му вели дека му се јавил Чифлиганец и барал дуќани за Стефанова, потоа нејзиното име се слуша кога Боки му се јавува на Камчев кое време да дојде да ги земе парите, и кога му вели имаш поздрав од жената.

Јосифовска истакна дека иако била назначена за заменик на екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, и таа функција ја вршела од 2015 до 2018 година сепак немала надлежност да потпишува наредби за истрага.

Јосифовска сведочеше за ситуација која се случила на состанок каде биле собрани сите обвинители. Таа рече дека Лиле Стефанова до Катица Јанева доставила документ за отфрлање на мерката куќен притвор за осомничените во „Империја“, Јордан Камчев, Цветан Панделевски и Ненад Јосифовиќ. Јосифовска рече дека во тој момент Јанева и наредила на Стефанова да изготви нов документ со кој се упатуваат во куќен притвор.

Досега исказ за случајот Рекет дадоа и бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска и се наоѓа во доказна постапка.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести