Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 3 до 11 степени.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 март, 2021 7:59

ПРОМЕНЛИВО УШТЕ ДЕНЕС – ОД УТРЕ СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО, ЗА ВИКЕНДОТ И ПОТОПЛО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локално провејување на снег. Само на некои пониски места ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег.

Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 3 до 11 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засиелн ветер од северен правец. Ќе има услови и за локално проврнување на дожд и снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.

Потоа од утре па натаму следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, додека максималните ќе бидат во постепен пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 19 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...