Во недела ВМРО-ДПМНЕ организира нов протестен марш во Струмица

Објавил: admin@magazin | 3 јули, 2018 15:27

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека в недела партијата ќе одржи протестен марш во Струмица. Во неговото обраќање до граѓаните тој рече:

„Владата и министрите кои те убедуваат во сосема спротивна розова и разубавена слика од она која реално ја гледаш и чија суровост ја живееш секој ден те прави пасивен. Дополнително ви вели премиерот, името Македонија морало да се избрише, ама пустото боли, пече, затоа што тоа е името под чиј бајрак и име растеле и умирале твоите предци, и под чиј код се родени твоите деца. Името кое го изговараш со чест, достоинство и трепет во душата и сега ти велат морало да се откажеш затоа што само така ќе било подобро, а ти знаеш дека тоа не е така. Живееме живот во кој поразите стануваат секојдневие, а победите ги нема“.

Да ја победиме неправдата, додава тој, и да се чуе тој пркосен глас кој силно вреска во вашите срца и да кажеме дека мора подобро.

Протестниот марш ќе почне во 13 часот од паркот во Струмица по шеталиштето до општината Струмица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести