Тортевски важеше за еден од самопромовираните идни раководители на СЈО, во фазата кога тоа се формираше како политтичка одлука, спротивно од Уставот на Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 декември, 2018 6:18

Пцовки, навреди и кошкање меѓу адвокатот Тортевски и демонстрантите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Адвокатот Александар Тортевски кој е советник на СЈО синоќа имал вербална расправија со учесниците на јавниот протест во центарот на Скопје.

Тој пристигнал со возило по улицата од кај Собранието која вообичаено е блокирана од страна на полицијата.

Во вербалната расправија Тортевски одговарајќи на пцостите од граѓаните и самиот вели: „Да те еб*м у уста“, „ќе ти ја фукнам една“, „мрш глуперди“ „ајде дојди“.

Сепак и демонстрантите не останаа покуси на неговиот речник па од позадина се слушаа разни пцовки кои беа упатени кон него.

За среќа инцидентот кој се случил на блокадата од движењето „Македонија Блокира“ кај Црвен Крст од страна граѓани кои се противат на уставните измени со цел промена на уставното име, не прераснал во тепачка.

Како и да е гледано, нецивилизиран потег и од едната и од другата страна, па најмалку од еден адвокат и советник се очекува такво ниво на култура и речник на изразување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести