Утре граѓаните ќе излезат на улиците и ќе протестираат поради неквалитетниот воздух.

Објавил: Весна Петровска | 30 јануари, 2020 17:37

РЕВОЛТИРАНИТЕ ГРАЃАНИ ПОВТОРНО НА УЛИЦИТЕ: Сакаме да дишеме чист воздух!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Воздухот во Македонија постојано е загаден, грѓаните дишат енормно неквалитетен воздух. Завчера и вчера градските влласти воведоа вонредни мерки, поскапе паркингот, и граѓаните можеа бесплатно да го користат јавниот превоз. Но оваа мерка траеше само 20 часа, и градските власти ја укинаа што овој потег наиде на негодување од страна на ѓрашаните.

Утре граѓаните ќе излезат на улиците и ќе протестираат поради неквалитетниот воздух.

Нов протест против аерозагадувањето организира младинското движење „ Петоци за иднината Скопје“. Револтирани од не носењето на законот, движењето го закажаа во 15 часот пред Собранието каде ќе одржат перформанс со симболично седнување на улица. Протестот е насочен кон пратениците кои според нив го пролонгирале носењето на законско решение за увоз на отпад.

Во ноември 2019-та од власта побаравме да донесе нов закон до крајот на годината. Пратениците почнаа да се занимаваат со овој ургентен проблем дури при крајот на јануари, и продолжуваат бараат изговори за да не го исполнат барањето. Овој протест е насочен кон нив, и затоа мора да се одржи додека сеуште се во Собранието во петок, велат од младинското движење.

Инаку Скопје и Тетово се едни од најзагадените градови во светот. Дури Македонија поради неквалитетниот воздух се најде и во германските медиуми. Медиумите во Германија пишуваа дека Балканот дише загаден воздух.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести