За него Македонија е мултиетничко општество и не може да функционира како моноетничка земја.

Објавил: admin@magazin | 10 април, 2019 22:21

РЕКА: „Дојде време Албанец да биде претседател на Република Македонија„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Кандидатот за претседател, Блерим Река, ја продолжи неговата кампања во Брвеница каде беше во придружба на лидерот на Алијанса на Албанците, Зиадин Села, како и на лидерот на движење Беса, Билал Касами.

Како што пишува Макфакс, од изборниот штаб на Блерим Река тој посочил дека има концепт за универзална република за сите граѓани, за владеење на законот и правда за сите.

За него Македонија е мултиетничко општество и не може да функционира како моноетничка земја. Тој истакнал дека на 21 април граѓаните ќе гласаат за промена против корупцијата во државата и неправдата!

„Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја. За да може да го живееме концептот за една република за сите, треба да постои реална еднаквост, а не само формална за сите граѓани на оваа земја. Македонија како мултиетничко опшество не може да функционира како моноетничка земја“, истакнал Река.

Блерим Река e единствен Албанец од трите претседателски кандидати за наредните избори.

Тој се кандидира со поддршка на Алијанса за Албанците, партија која ја напушти коалицијата со Зоран Заев и се позиционираше како силен опонент на ДУИ.
Поддршка исто така има и од движењето БЕСА со кое раководи Биљал Касами. Блерим Река уште на самиот старт кога ја најави својата кандидатура за претседател на Македонија даде етничка карактеристика на својата кандидатура, изјавувајќи дека се вклучил во изборниот процес бидејќи Албанците немале свој кандидат, односно тие ќе се свеле само на гласачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.