Пратеничката Ременски е мултитаскинг, ги "брани" уставните измени кои ги предлага нејзиниот претседател, но редовно следи кој тоа на социјалните мрежи ја има на "око"

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 октомври, 2018 7:09

Ременски следи и седница и што пишува професорката Ванковска

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Професорката Билјана Ванковска, која важи за гласен критичар на сите власти и нивните форми на владеење, често ги постира своите ставови на социјалните мрежи и на нејзиниот блог.

Така беше и вчера, кога во тек беше вториот ден од собраниската расправа за предлог пристапувањето кон уставни измени.

Професорката Ванковска при говорот на потпретседателкаа на СДСМ, Фросина Ременски кратко искоментира:

Кој и’ даде докторат (по социологија) на Ф. Ременски?! Упс! Мојот факултет!

На ова на месинџер, на социјалните мрежи доби порака од пратеничката која беше во законодавниот дом.

Професорката Ванковска го пренесе во дел со пропратниот коментар:

Наместо да ја следи седницата во Собрание, Ременски се допишува со мене на месинџер. Изгледа дека мојот глас далеку се слуша, и таму каде што не сум присутна.

Ременски на професорката Ванковска и напиша:

Многу ви е низок коментарот, особено што вие лажете дека некој лаже што студирал. На крај задоволството да уживате во вашите “мудри” досетки ви го оставам вам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести