Откако Ердоган се закани со вето во НАТО за земја која нема да се вика Македонија, и Русија со изјава дека ќе стави вето во ОН на било кое ново име на државата која еднаш ја признале

Објавил: Мартин Попоски | 22 октомври, 2018 10:28

Русија еднаш призна независна Република Македонија, нема признавање со ново име

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Русија, Владимир Путин, со остри реакции го осудил теророт со кој власта во во Македонското собрание обезбедила поддршка за уставни измени, пред се на уставното име и негирање во постоењето на Македонската нација.

Во име на федерацијата ставовите ги пренесе амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија на својот официјален Твитер профил.

Во постот Русија уште еднаш ја афримираше одлуката на руската влада, дека поддршка за промена на името и меѓународна ратификација на „Северна Македонија“ ќе биде блокирано во Советот за безбедност при Обединетите Нации, со што евентуален договор, односно уставна промена со која ќе се промени уставното име, нема да произведува и меѓународно дејство

Русија ја призна РепубликаМакедонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува. – стои во кратката порака на амбасадата на Руската Федерација во Македонија.

Со ова и официјална Москва, која има огромна моќ во Обединетите нации како е постојана членка на Советот за безбедност со право на вето и официјална Тирана која е со моќ на право на вето во НАТО, се зголемува бројот на држави кои го послушаа апелот на претседателот Иванов да не ги прифаќаат модификациите на било која форма на ново име и да останат на своите одлуки и да го почитуваат правото на самоопределување на Македонскиот народ во државотворната форма, Република Македонија.

Сосема извесно е дека по Русија и Кина ќе се произнесе со идентичен став.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести