Имено како што објави Фокус, пратеникот утре треба да ги предаде снимките што  ги објави на прес-конференција во врска со поранешниот премиер Зоран Заев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 февруари, 2020 15:50

Рускоска го повика Милошоски- пратеникот утре во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Антонио Милошоски , пратеникот од најголемата македонска партија, ВМРО-ДПМНЕ, утре е повикан во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Имено како што објави Фокус, пратеникот утре треба да ги предаде снимките што  ги објави на прес-конференција во врска со поранешниот премиер Зоран Заев.

Пратеникот Милошоски вчера на прес-конференција ја објави долго најавуваната аудио снимка, втора по ред, каде наводно се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев. На снимката може да се слушне како Заев во времето кога бил премиер носел одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО и оти бил во дослух со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за сите нејзини одлуки. 

Првата „бомба“ Милошоски ја пушти за време на расправата во собраниската Комисија за европски прашања, на која се разгледуваше Предлог законот за Јавно обвинителство. На снимката, наводно, Заев разговара со друго лице за финансирање на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести