„Прв пат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени. Обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб“, рече Рускоска.

Објавил: admin@magazin | 7 декември, 2019 23:13

РУСКОСКА: Прв пат ги слушам снимките – Обвинителството ќе ги истражува и тоа кој ги објавил на Јутјуб

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На јутјуб вчера се појавија снимки на кои се слуша како глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во “Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, како бара контакт со Вице Заев и се заканува ако не се заврши работата дека ќе крварат сите.

Според она што се слуша од материјалот поставен на Јутјуб, се заканува дека доколку не дојде до договор ќе „бомбардира“ со материјали од Бугарија како Ким Јонг, но се открива и блискоста и координираноста со опозицијата.

СНИМКА1: „Имаш ли влијание кај нив, утре да се видиме, да се разбереме со Вице. Ќе крварат и они и ние. Крв ќе има.“

СНИМКА 4: „Никој не знаеме кој што има од тоа време. Јас што имам, значи сакам да ги рушам Заеви. Значи јас, сега видов, јас ќе бев во затвор, тоа нема да се деси. Што треба да претендирам, да станам премиер да го добијам тоа? Не ме интересира, оставете ме, не барам ништо, не барајте ништо.“

Од МВР велат дека во врска со овие нови снимки тие немаат надлежност во овој момент и дека Јавното обвинителство е тоа што треба да истражи дали ќе покренат постапка. 

Шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска, за медиумите рече дека аудио снимките кои пред помалку од 12 часа беа објавени на Јутуб, не се дел од доказите кои странките во постапката им ги доставиле.

„Прв пат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени. Обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб“, рече Рускоска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести