За волја на вистината, Рустеми со своето сведочење може да се каже дека ја дозакопа Јанева, откако рече дека за еден стан кој бил сопстеност на Главчев, побарала да се тргне од замрзнување бидејќи бил продаден на нејзина пријателка и само би се направила штета.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јануари, 2020 11:12

РУСТЕМИ ПРОТИВ ЈАНЕВА: Бараше од мене да не замрзнувам стан на Сашо Василевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Лидер.мк

Денеска продолжи рочиштето за случајот Рекет, а сведочеше поранешниот обвинител во СЈО Бурим Рустеми.

За волја на вистината, Рустеми со своето сведочење може да се каже дека ја дозакопа Јанева, откако рече дека за еден стан кој бил сопстеност на Главчев, побарала да се тргне од замрзнување бидејќи бил продаден на нејзина пријателка и само би се направила штета.

Рустеми пред суудиите рече дека судот не го прифатил и одредил само мерки за претпазливост и одземање на пасошите за лицата вмешани во предметот „Поштенска банка“ иако тој би се оформил од прислушуваните материјали и имало предлог за притвор за три лица.

Рустеми денеска сведочеше за случајот Рекет…

Јанева потоа од Рустеми побарала да му се врати пасошот на Главчев во замена за гаранции за машини вредни еден милион евра, нагласи обвинителот.

Рустеми пред судиите рече дека за анмерите на Јанева дознал по неколку месеци, во разговор со обвинителката Лиле Стефанова, која го знаела моментот со враќање на станот на Томче Главчев, бидејќи била присутна кога Јанева го побарала тоа од него. Лиле тогаш му рекла на Рустеми дека  најверојатно сопственик на станот е ексдиректорот на ЕЛЕМ, Сашо Василевски.

„Јанева не интервенираше за тоа кој да биде опфатен во предистрагата. Начелното правно мислење на Врховниот суд предизвика хаос, затоа што тајмингот и начинот на донесување беше како амнестијата на Иванов. Се отвори дилема како да постапуваме по предметите отворени по 18 месеци, а еден од предметите беше и „Поштенска банка“. Ние колективно одлучивме дека рокот не важи, а Судот го прифати тоа. На еден неформален состанок со Катица Јанева, таа кажа дека размислува да се утврди штетата во „Поштенска банка“, да се исплати истата и обвинетите да не добијат затворски казни. Ова ме збуни и размислував за позадината на ова размислување. Претпоставував дека сака да се повика на начелното мислење на Врховен суд и да ги затвори предметите, тоа ми изгледаше логично. Во средина на април на еден колегиум, Катица Јанева го повтори размислувањето и кажа дека така треба да се постапи во „Поштенска банка“ и „Империја“. Без да се произнесеме го затвори состанокот и побара извештај за штетата, за обвинетите да не одат во затвор“, рече Рустеми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести