Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 февруари, 2020 15:41

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер на државава Зоран Заев, се вмешани во случајот Рекет, се огласи и Вице.

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

„Како и најголемиот број од нашите граѓани, јас и моето семејство цели 11 години, за време на режимот, бевме под притисок, под закани и уцени, а исто како и голем број други слободни граѓани, бевме изложени под смислена, црна пропаганда, преку медиумите кои ги контролираше Никола Груевски. Деновиве се потсетувме на дел од овие методи на режимот, ги видовме остатоците на заробената држава повторно како реализираат црни кампањи. Се интензивираа нападите со лажни вести и конструкции насечени кон мене лично и кон моето семејство преку дел од медиумите и преку опозициската ВМРО-ДПМНЕ, контролирани од Груевски.

“Јас продолжувам да се занимавам со бизнисот со којшто сум уште од 1990 година навака. Семејството Заеви е успешно семејство не заради политиката туку заради луѓето и начинот на којшто го води бизнисот, одговорно и чесно, овде во нашата родна земја. Обезбедуваме околу 800 работни места и придонесуваме во економијата со годишен данок по сите основи од околу 1 милион евра. Тоа се факти кои говорат за посветеност, за желба за напредок и ние така ќе продолжиме. На тие што 11 години извршија грабеж на државата и ја држеа во изолација ценам дека им е кристално јасно дека нема да успеат да се спасат од одговорност ниту пак да го застанат напредокот на државата” посочува Вице.

Вице вели дека невистини се вестите дека се среќавал со лицата осомничени за Рекет. Посочува дека станува збор за негово инволвирање во валкана политичка кампања.

Сите овие измислици и конструкции ги демантирам јавно. Ниту јас, Вице Заев, ниту било кој член од моето семејство нема поврзаност со случајот познат во јавноста како „Рекет“ ниту пак со лагите кои на прес конференции ги изнесува ВМРО-ДПМНЕ. Изнесените невистини дека сум се среќавал со лицата осомничени за овој случај, дека сум седел, дека ме имало на некои снимки ги демантирам, тоа не е точно. Обидите за мое инволвирање на било каков начин во валканата политичка кампања сметам дека е намерно, лажно и тенденциозно со единствена цел, да му се наштети на Зоран Заев и политиките кои ги спроведува.Ги повикувам сите надлежни институции да ги проверат сите изнесени наводи, да ги објават сите снимки, видеа, аудио материјали, се што има барам да се објави, за јавноста да се увери во вистината. Самиот факт што законски била спроведена постапката за прибирање докази и видео материјали потврдува дека никој нема контрола над постапките што се водат во МВР, во обвинителството и судството, освен надлежните институции. Ако некој имал контрола на овие институции, како што беше за време на режимот, тоа никогаш немало да се случи. Народот гледа што се случува и се му е јасно. Со невистини и лажни вести мета е семејството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, затоа што тој е најголема закана за вистинските криминалци. За овие луѓе нема ништо свето, ниту семејството, уште помалку граѓаните или државата.

Вице Заев револтиран од целата ситуација вели дека во континуитет се шират лажни вести преку медиумите и не се бираат начини ниту средства да му се наштети на Зоран Заев и неговото семејство.

Им пречи затоа што беше најуспешен градоначалник на Струмица. Им пречи затоа што го сруши нивниот режим со пенкало. Им пречи затоа што ја донесе слободата и демократијата. Им пречи затоа што застана храбро против неправдите. Им пречи затоа ја придвижи економијата, ја врати социјалната сигурност, им помага на ранливите, не дели туку обединува. Им пречи затоа што успеа својата татковина да ја извади од калта и да ја внесе во НАТО, на чекор до ЕУ. Но најмногу им пречи, затоа што се избори да се донесе Законот за јавно обвинителство со кој конечно доаѓа правда, се обезбедува правна држава и секој што се огрешил пред законот ќе одговара. Нема спас за криминалците. Ги чека затвор.Јас не сум политичар и немам намера да се занимавам со политика. Со ова мое обраќање до јавноста сакам да соопштам дека нема повеќе да комуницирам ниту да реплицирам на нивните лаги, измислици, конструкции. Нема да дозволам да ме вовлечат во нивната кал. Не сум згрешил ништо, не сум прекришил ниту еден закон, работам одговорно и чесно. 11 години моето семејство, бизнисот со којшто се занимава, беше мета на бројни контроли, секојдневни инспекции од партизираните институции, па дури и тој режим не најде ништо незаконско, затоа што незаконско нема. Вистината е секогаш посилна од лагата.

Вице Заев вели дека тој како брат на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и целото негово семејство ќе продолжат да му бидат поддршка и ќе го охрабруваат Зоран Заев да продолжи со своите политики.

Јас, како и целото мое семејство, му даваме на Зоран Заев целосна поддршка да го заврши она што заедно со мнозинството граѓани во оваа земја го започна, да нема режим, криминал и корупција, да владее независна правна држава во која секој е еднаков пред законите. Да не се вратиме во мракот. Никогаш повеќе да не се повтори режим! Ние ќе ги трпиме сите навреди, лаги, притисоци заради граѓаните на нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија, нивните семејства и нивните деца, за нејзината иднина, за нејзината слобода“ се вели во обраќањето на Вице Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести